Шпанскиот кралски пар во раскошната палата во Мадрид, Зарзуела, ја угости 29 годишната пливачка во синхронизирано пливање, Она Карбонели, која потполно ја засени секогаш дотераната кралица Летиција.
Белото здолниште и предимензионираната бела кошула кои ги носеше со салонки во две бои беа сосема доволни убавата пливачка по освојувањето на трите медали на Светското првенство во водени спортови што се одржа во Јужна Кореја да ја засени познатата модна икона.
Кралицата Летиција иако блескаше во розовото издание, во фустанот со потписот на познатиот дизајнер Мајкл Корс, шпанската пливачка го привлече вниманието со својот едноставен, но мошне ефектен избор.
Инаку, истиот фустан Летиција го носеше и кога се сретна со првата дама на Америка, Меланија Трамп.