Љубомората е присутна во секоја врска и речиси е нормална, кога е во одредени граници. Но, некои постапки едноставно може да се избегнат, а еве кои работи ги полудуваат мажите.
Флерт со други мажи
Ако се однесувате заводнички кон други мажи во присуство на вашиот партнер, тој ќе се чувствува глупаво, ќе биде бесен и беспомошен. Дали вие правите будала од него? Секој сака да се забавува, но оваа забава можете да ја сведете на минимум и да не си играте со нервите на вашиот партнер.
Кога се смеете на туѓите шеги
Е, тоа е проблем. Ако нешто ви е смешно, ќе уживате и ќе се смеете и тоа е сосема природно и спонтано. Но, ако имате некој посебно духовит колега кој често го спомнувате во обид да ги пренесете неговите шеги, вашиот партнер ќе почувствува одредена доза љубомора.
Работите прекувремено
Да, најверојатно со некој од тие колеги понекогаш помнувате повеќе време заедно, а некогаш и прекувремено… Дали ви е јасно како се чувствува вашиот партнер во тие моменти?