“Секогаш кога сакав жена – колку повеќе ја сакав, толку повеќе сакав да ја повредам. Фрида е најголемата жртва на оваа одвратна особина”, Диего Ривера.
Знам дека ја сакаш. Да не ја сакаше немаше да бидеш со неа.Здравата врска може да се трансформира во деструктивна ако ја третираш полошо од она кое таа го заслужила.Присети се како изгледаше таа првиот пат кога ја здогледа. Можеби тоа беше нејзината убавина, нејзината дива природа, смислата за хумор или самостојноста, но сети се дека во неа го пронајде тоа што го немаше во ниту една друга.
Ако ја сакаш, сакај ја на вистинскиот начин за да ја сочуваш нејзината убавина, природност и дух.Начинот на кој се однесуваш со неа го одредува начинот на кој таа се доживува самата себе. Можеш да направиш очите да ѝ блескаат, но и можеш да направиш да се чувствува изгубено. Биди внимателен со неа.
Знај дека веќе била повредена и не сака повторно да ѝ се случи тоа. Ако е со тебе, знај дека го победила стравот и несигурноста, го занемарила минатото и одлучила на љубовта да ѝ даде уште една шанса.Биди присутен во мигот, неа ништо не ја уништува повеќе од твојата емоционална отсутност. Можеш да седиш цел ден со неа, а всушност да не си со неа, туку далеку со мислите.
Не однесувај се кон неа како да е скршена жена. Помогни ѝ да сфати дека доживеала лоши работи за да може да го цени тоа што го има денес, она доброто кое доаѓа за неа.Сакај ја со сите мани и несигурности. Толку несовршена колку што си и ти самиот.