Реклама
LIFESTYLEВирално

Го остави питбулот пред амбулантата со тажна порака кој ќе ви го скрши срцето

Реклама

Иако е тешко да се напушти миленичето, очигледно овој сопственик немал друг избор.

Персоналот на ветеринарната клиника пронајде пред влезот питбул кој беше оствен во бокс во кој имаше играчки, ќебе и претажна порака.Кучето беше збунето, уплашено и тажно, а вработените во ветеринарната клиника беа скршени од тажната порака.

Пораката гласи: “Моето име е Мати МекФат, јас сум само агресивен кога се плашам. Мојот сопственик ме сака многу, јас сум нејзиниот живот. Таа остана без покрив над главата и таа е многу болна и не може да се грижи за мене. Ти, не суди и. Таа се обиде да ми најде ново семејство, но на никој не му е гајле за мене“.

Маркетинг

Таа се обиде дури и преку нашите ветеринари, ниту тие не помогнаа. Таа ги повика полициските и комуналните службеници, и тие не сакаа ништо да прават со мене. Знам дека мојот сопственик ме сака, бидејќи таа е единствената што има дадено се за да ме спаси. Не е во ред да живеам во автомобилот веќе два месеци и мојот сопственик плачеше секој ден и ми велеше дека ме сака.

Ако чувствувам дека нешто се случува со неа, јас сум подготвен да загризам. Морам да ја заштитам, бидејќи ми дава толку многу љубов. За жал, таа остана без нејзиниот дом. Сè што сака за мене е можност да бидам среќно куче, да имам квалитетен живот исполнет со љубов и безбедност. На мојот сопственик му се скрши срцето, бидејќи мораше да ме напушти. Никој не сакаше да ни помогне “.

Маркетинг

По инспекцијата, кучето било ставено во засолништето на Симон Фондацијата, а вработените контактирале со сопственикот и ѝ понудиле и ветиле дека кучето ќе го чуваат додека не застане на совои нозе, а ако не може, ќе бара ново семејство.

Сопственикот рече дека таа го сака своето куче назад и се обидува да стори сé за да обезбеди среќен живот и се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро. Понекогаш не треба да го осудиме напуштањето на животното бидејќи, за жал, не знаеме каде ќе не води нашиот живот и што нè чека сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button