Мама Пријовиќ се соблече во костим за капење. И овој пат изгледа како НИКОГАШ досега
Пејачката повторно направи хаос на социјалните мрежи со фотографија на која позира во костим за капење.
Познатата пејачка Александра Пријовиќ предизвика лавина од позитивни коментари откако ги израдува своите фанови на социјалните мрежи со нејзината последна фотографија на која позира во дводелен костим за капење.
Таа ги покажа своите атрибути и витката линија, па доби бројни коментари и лајкови од нејзините фанови.
Колку го сакам летото – порача пејачката под фотографијата на која се гледа како излегува мокра од базенот.
„Дали оваа жена се породи скоро или не?“, „Неверојатно згодна“ беа само дел од коментарите и комплиментите што ги доби пејачката под фотографијата.
Само да потсетиме, Александра се породи на 6 март оваа година кога на овој свет го донесе синот Александар кога таа и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, прв пат се остварија како родители.