CelebrityНаши ѕвезди

Еве како изгледа денес актерката која ја имаше улогата на „Пипи Долгиот Чорап“

Advertisement

Пипи Долгиот Чорап е најпознат измислен лик на шведската писателка Астрид Линдгрен.

Книгите за Пипи Долгиот Чорап преведени се на 92 разни јазици. Пипи е необично девојче. Посебно во 40-тите години од минатиот век, кога биле издадени книгите, била доживувана како контроверзна. Таа е најсилно девојче во светот, има пеги и црвени плетенки кои стојат во вис, противејќи се на возрасните и е невоспитана.

Advertisement

Живее без родители во куќа наречена Вила Вилекула, заедно со својот пегав коњ Лила губен и мајмунот Господин Нилсон. Нејзината мајка е на небото, таткото Ефраим Лангструмп е крал на црнците на островот Курекуредутон во јужното море, а таа има вреќа полна со златници.Поминаа 50 години од прикажувањето на „Пипи Долгиот Чорап“. Ретко кој од нас не го памети ова  необично девојче  црвенокосо девојче.

Улогата на Пипи во популарната ТВ серија и филмовите ја толкуваше шведската актерка Ингер Нилсон. Имаше само 9 години кога ги снимаше епизодите и филмовите за „Пипи Долгиот Чорап“, а 10 кога тие беа прикажувани на ТВ екраните.Таа денес има 60-години актерка работи како секретарка во Стокхолм и одвреме-навреме прифаќа помали филмски и театарски улоги.

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button