За сите родени помеѓу 1950. и 1990 година.
Како деца, се возевме во автомобили без ремени и воздушни перничиња,возевме велосипеди и ролшуи без шлем на главата …Пиевме вода од цревото за поливање во градината, а не од шишиња купени во големи трговски центри. Пивме од едно шише и никој не умре поради тоа…
Јадевме млечен сладолд, бел леб со путер или маст и лук,пиевме безалкохолни пијалоци со шеќер, но не бевме со прекумерна тежина бидејќи секогаш си игравме надвор …
Излегувавме наутро и си игравме цел ден, се криевме,игравме крадци и полицајци, кралици, каубојци и индијанци и сè друго што детската имагинацијата е способна да создаде.
Често нашите родители не можеа да нѐ најдат цел ден, но шамарот беше дел од образованието, а не насилство во семејството.Никогаш не сме имале никакви проблеми. Целиот ден го поминавме во трки со шини од подрумот, возење велосипед по улицата,заборавајќи дека немаме ниту сопирачки.По неколку падови, скршени прсти и модринки, научивме како да ги решиме нашите проблеми. Немавме имагинарни пријатели. Ние не добивавме пријатели на социјалните мрежи, и на крајот имавме реални пријатели!
Ние немавме училишни психолози и педагози, но сепак завршувавме училиште. Ние не продававме дрога пред училиштето. Ние немавме PlayStation, Nintendo, 100. кабелски канали, немавме видео рекордери, „опкружувачки“ звук, мобилни компјутери, интернет, соби за разговор …Имавме пријатели и тие беа реални, беа се! Игравме со лак и стрела,правевме тврдина со снег, фрлавме петарди за Нова Година,читавме еден куп стрипови! Одевме со велосипед или пешки до куќата на нашите пријатели, да бидеме заедно, без претходен договор!
Честитки! Можеби треба да го споделите ова со другите луѓе кои имале среќа да пораснат како вистински деца, пред адвокатите, државата, правниците и владините лидери да почнат да одредуваат како да живеат!Можеби сакате да ја испратите оваа порака до вашите деца за да видат,како растеле нивните родители? Здраво генерацијо! Секој од нас е ангел со едно крило и можеме да летаме само со раце!
Извор: moj.ba