Мајката на Новак Ѓоковиќ работела и по 16 часа дневно и сите пари што ги заработувала му ги праќала за да може да игра и да тренира
Ноле со освојување на титулата во Вимблдон покажа дека во моментот н постои вистински ривал за него на светот.
До новиот пехар дојде по победата на Роџер Федерер во натпревар за кој уште долго време ќе се зборува.
Во ложата на тимот на Ноле седеше и неговата мајка, Дијана Ѓоковиќ, а како минуваше времето таа се почесто го бакнуваше крстот и се молеше нејзиниот син да победи. Очигледно нејзините молитви беа успешни…
Dijana Djokovic, a praying mom, day in and out #WimbledonFinal pic.twitter.com/ntLCPOugCT
Маркетинг— Andrew Jerell Jones (@sluggahjells) July 14, 2019
Иако за семејството на Ѓоковиќ се пишувало многу во медиумите, за неговата мајка Дијана Ѓоковиќ и не се знае баш многу. Таа целиот свој живот го посветила на своите деца, Новак, Марко и Ѓорѓе.
„Имам јас и Марко и Џоле, сопруга сум и не станува збор само за Новак. Можеби сум јас таа која настојува да стојат цврсто на земјата, да не полетаат, да ги канализираме емоциите. Не можев ни да помислам дека тоа вака ќе биде, но се случи. Новак е тоа што е и среќни сме и горди. Таткото Срѓан го избираше името на својот првенец Новак, а на Марко постариот брат и тенискиот првак Новак. На Ѓорѓе јас му го избрав името. Ми изгледаше моќно Ѓорѓе Ѓоковиќ. Новак има свој па, а Марко и Ѓорѓе се уште го бараат. Тешко бреме имаат, самите сакаа да одат на тенис, иако можеби полесно би им било да се во некој друг спорт“, своевремено изјави мајката на најдобриот тенисер на светот, Дијана Ѓоковиќ.
„Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме да постигнеме. Но на крај секогаш се снаоѓавме. Тоа беше единствениот начин да успее. Тој тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме и не му зборувавме дали имаме или немаме. За него мораше да има. Работев 17 години во ресторан на Копаоник, и тоа од 10 до 16 часа на ден. Правев палачинки, бев во шанкот, правев пици… Сопругот патуваше со него, а јас им испраќав пари кои би ги заработила. На крајот ни се исплати, н можеше да биде и поинаку“, изјави Дијана за дневниот весник „Вечерњи лист“.