Реклама
Хороскоп

Побараа спас од Свети Василиј и им се случи чудо – моштите на Светецот излекуваа тригодишно дете болно од тешка болест

Реклама

Војин Марковиќ имаше три години кога му беше дијагностицирана адултна акутна лимфобластна леукемија.

Неговото семејство кое живее во Варварин, Србија, вели дека болеста му била откриена сосема случајно и ништо не укажувало дека неговото детство наскоро ќе се претвори во ужас. Неговата мајка Данијела Марковиќ вели дека тоа биле најтешките денови за нивното семејство.

Маркетинг

Тие во 2006 година откриле дека нивното дете е болно. Потоа цела година биле во Белград на лечење.

Но нивната приказна започнува многу порано. Имено, година дена пред да откријат дека детето им е болно, Млаџан и Данијела со синот Војин, кој тогаш имал две години, тргнале на море во Црна Гора и на враќање решиле да го посетат манастирот Острог. Но кога дошле, поради преголемата гужва , Данијела и Млаџан решиле да дојдат друг пат, бидејќи тој ден било премногу жешко за нивното бебе.

Маркетинг

По неколку месеци тие дознаваат за болеста и заминуваат на лечење во Белград. Прогнозите биле обесхрабрувачки.

Во Војната болница во Белград го лечеле најдобри доктори на кои бескрајно им се благодарни. Тие откако ги добиле тешките вести од докторите во еден момент одлучуваат да заминат во манастирот Острог и својата последна надеж и молитви да му ги упатат на Свети Василиј Острошки.

„Мојот сопруг и јас се договоривме да одиме на Острог. Имавме слушнато разни приказни за исцелување на болни и чудата на овој Светец. Тој ден врнеше дожд и се сеќавам дека имавме многу проблеми за да стигнеме до манастирот. Тогаш Војин имаше три години, а ние никогаш претходно не бевме во внатрешноста на овој манастир. Во еден момент Војин ја зеде раката на татко му и го одведе до просторијата каде се наоѓаат моштите на Свети Василиј Острошки.“

„Останав сама, а по минута-две го гледам Војин како и мене ме фаќа за рацете и ме води низ толпата. Изненадена сум што моето дете така реагира, иако никогаш претходно не сме биле тука, му објаснувам дека треба да чекаме ред“.

Како изгледал манастирот во 1890 (фото: Rihtenberger M)

„Тогаш ми дојде некоја жена и ми кажа дека Војин го вика Свети Василиј Острошки и тогаш сите не пропуштија“, раскажува Данијела.

Тогаш неговата мајка пред Светецот дала заклетва.

„Во делот каде што се моштите остануваме Војин, мојот сопруг и јас, како и една жена во инвалидска количка. Монах ни чита молитва за здравје, а јас се заколнав дека нашата приказна кога-тогаш ќе ја слушнат сите“, вели мајката на Војин, Данијела, пишува порталот Курир.рс.

По враќање од манастирот, поточно по три месеци, дијагнозите на Војин биле многу подобри. По осум месеци интензивно лечење Војин е потполно здрав. Денес, семејството е побогато за уште еден член, сестра на Војин, Дуња, а тој оди во средно училиште и професионално се занимава со фудбал.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button