Оваа девојка прво бара цел која сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел.
За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да постанат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи во едно место.Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија.
Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже. И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво.
Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели. Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности.