Викторја Бекам во панталони кои можеби НЕ се идеални за лето, но познатата дизајнерката во нив изгледа феноменално
За концертот на Барбра Страјсенд кој се одржа во лондонскиот „Хајд парк“ се бараше билет повеќе
На концертот на 77 годината американска дива кој се одржа во склоп на фестивалот „British Summer Time“, Викторија Бекам се појави во тесни кожни панталони
Барбра ретко прави концерти па многу познати ѕвезди не сакаа да ја испуштат оваа шанса и решија во живо да ја слушаат легендарната пејачка, која направи шоу за кое уште долго време ќе се зборува. Таа притоа се пошегува и на сметка на гласините дека имала афера со принцот Чарлс. „Ако добро одиграв со картите, можев да станам еврејска принцеза“, изјави Барбра во моментот кога на екранот се менуваа заедничките фотографии со неа и Чарлс.
Притоа ја насмеа дури и Викторија Бекам која на концертот беше со Дејвид и нивни заеднички пријатели.
Поранешната пејачка и позната британска дизајнерка на вакви настани најчесто ја гледаме во елегантни изданија, но овој пат таа реши да избере нешто полежерно. Таа носеше кожни панталони во комбинација со црна веста и високи потпетици во впечатлива зелена боја.