Револуција во градежништвото – Икеа ќе прави евтини куќи кои ќе чинат онолку колку што секој од нас ќе може да плати
Куќите чинат онолку колку што секој може да си дозволи
Компанијата Икеа го освои светот со својот евтин мебел. Но тие сега сакаат да покажат и дека се во состојба да направат иновативни куќи со достапни цени, кои чинат толку колку што секој купец би можел да си дозволи.
Вортинг, град во јужна Англија, разгледува токму таков план во соработка со инвеститорот Боклок, вложување од Икеа и градежната компанија Сканска. Тоа ќе биде прв таков проект по сличниот што пропадна поради светската финансиска криза. Оваа групација има изградено повеќе од 11.000 домови ширум Шведска, Финска и Норвешка.
Правењето на куќите во фабрика и потоа нивно брзо склопување е проект со кој би можеле да се надомести акутниот недостаток на станбен простор кој ќе влијае на зголемување на цената но да биде достапна за просечните станари. Иновативниот модел на во наплатата на она што купецот може да си го дозволи. Се претпоставува дека ваквиот модел може и тоа како да влијае на пазарот со недвижности во светот.
Необичниот модел ќе биде спроведен во Вортинг во следните месеци, и набргу ќе покаже дали е доволен за живот како би почнало и ширум светот да се воведува ваквиот модел. Првите куќи ќе бидат готови за две години.
BoKlok should come back to UK as the MMC / off-site drive requires proven specialists for faster housing delivery #housingcrisis #mmc pic.twitter.com/nSFyZt2mTQ
— Millers Consultancy (@MilconInfo) October 13, 2017
.
Хипотеките ќе се даваат на 25 години, и нема да се отстапуваат од целта тоа да може да си го дозволи секој. Предноста е што таквите куќи заземаат мали плацеви и се претпоставува дека може да се изгради три пати повеќе во однос на традиционалниот пристап.
Според предлогот на групацијата, изградбата треба да започне во 2021 година, а станарите би можеле да се вселат веќе во април следната година.