Пејачката Емина Јаховиќ од пред неколку месеци повторно е со турскиот милијардер Садетин Саран, но нивната врска до скоро ја криеја од јавноста.
Токму и затоа нејзината последна објава предизвика лавина од реакции. Имено, таа објави фотографија на која позира во свечен фустан во бела боја кој неодоливо потсетува на венчаница, додека во рацете држи букет цвеќе сличен на бидермаер, па веднаш почнаа да кружат гласини дека ќе се мажи за нејзиното момче. Во коментарите под фотографијата бројни обожаватели ја прашаа дали повторно застанала на лудиот камен, а таа се уште не се огласи.
Инаку, убавата пејачка неодамна се најде во медиумите бидејќи нејзиниот поранешен сопруг „полудел“ кога дознал дека се уште е во врска со Садетин.
Мустафа на почетокот не сакал да ја коментира врската измеѓу Емина и милионерот, но почнало да му пречи тоа кога Јавуз и Јаман постојано зборувале за него. Тие му кажале дека тој одлично се однесува со нив и дека обожаваат да одат на неговата јахта со нивната мајка. Мустафа тогаш полудел и не сакал на Емина да и ги врати децата таа вечер. Не и се јавувал на телефонот кога му ѕвонела за да ги земе децата и тогаш настанал хаос. Малку фалело пејачката да се јави во полиција, бидејќи не можела да поверува дека Мустафа би сакал да и ги одземе децата заради врската со Садетин.
Мустафа сепак на крајот се вразумил и ги вратил децата, но под услов само во ретки пригоди да ги носи Јавуз и Јаман кога се гледа со своето момче. Емина му ветила дека ќе се обиде децата да не минуваа многу време со Саран, и токму поради скандалот што и се случил со поранешниот сопруг, реши нивната врска да не ја крие повеќе и ја обелодени.
Таа исто така неодамна се пресели во европскиот дел од Турција за да биде поблиску до својот партнер, а во медиумите се пишуваше дека тоа го прави за децата да живеат во близина на својот вистински татко.