Нејзината мајка, Анабела Атијас, ја изненади со стан кој го пазареше за својата наследничка.
Луна победи во „Задруга 2“ и освои 50.000 евра. Нејзината мајка Анабела Атијас веднаш откако Луна излезе во „вистинскиот свет“ ја почести со гооолемо изненадување со кое ја воодушеви својата позната наследничка.
Имено, таа својата ќерка која е ријалити ѕвезда ја однесе во нов стан, за кој Луна немаше поим, а кој го опреми според нејзиниот вкус.
Како изгледа луксузниот стан погледнете во продолжение.
Луна беше гостинка во телевизија Пинк, па еве што таа лично изјави за нејзиниот нов стан.
„Станот беше среден како сама да го средував. Бев во шок. Таа ми ги даде клучевите и изговори: ‘Ова е твој стан’. Ми ги стави клучевите во рацете и во тој момент почнав да плачам, бидејќи не можев да поверувам дека со свои 23 години се наоѓам во сопствен стан кој лично го заработив. Тоа за мене е најголем успех, посебно за моите години и сметам дека успеав во животот. Ништо немаше да биде толку совршено без мојата мајка и мојот очув Андреја. Никогаш не се сомневав во вкусот на мојата мајка, таа е талентирана за такви работи“, изјави Луна Џогани пред камерите.