Влатко Стефановски со гитара во рацете ги занеме сите во американската амбасада (видео)
Пред бината беше и Кајл Скат
На вчерашната прослава на Денот на независноста во американската амбасада во Белград настапи Влатко Стефановски кој го воодушеви сите со својата соло изведба на песната „The Star Spangled Banner“.
Во првите редови беше и Кајл Скат, американскиот амбасадор во Србија, а како изгледаше изведбата на генијалниот Влатко погледнете во видеото.
Star spangled banner. Be. pic.twitter.com/eK1zkyX3Ar
Маркетинг— Serge Truffaut (@WhistlerDick) July 4, 2019
Инаку, оваа песна е национална химна на Соединетите Американски Држави од 1931 година, а настана во 1814 за време на британско-американската војна. Нејзин автор е адвокатот и поетот Францис Скот Кеј кој во песната изразува радост за опстанокот на американското знаме на јарболот на тврдината Мекхенри по бомбардирањето од страна на Британците. Набргу по нејзиното настанување песната станува патриотска химна, а подоцна е прогласена и за национална химна. Но во официјалната верзија на химната е исклучена третата авторска строфа поради антибританските тенденции.