„Мајки, раѓајте им на децата сестри, бидејќи сестрите стануваат тетки, а тие се незаменлив подарок“
Познатиот писател Душко Радовиќ зад себе остави голем број афоризми и мудри мисли ова се некои од неговите најдобри мисли кои сите треба да ги применуваме во нашиот живот:
„Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ни малку“.
„Мајки, раѓајте им на децата сестри, бидејќи сестрите стануваат тетки, а тетките се најдобри, незаменлив подарок на секое детство“.
„Толку малку љубов меѓу луѓето. Кој умее да сака, не би требало да прави ништо друго“.
„Сакајте се кога не сте заедно. Тоа е вистинска љубов. Оние кои умеат да сакаат само кога се заедно, него не му е грижа со кој е“.
„Ако можете, немојте да ги сакате оние кои не ве сакаат. Ако не можете тоа, сакајте ги само малку. Ако не можете ни тоа, сакајте ги многу, но кратко“.
„Дали љубовта е болест? Да, но вечна. Можете некој да го љубите и љубите, но нема да го заразите со љубов“.
„Будни се оние кои сакаат, а се’уште спијат оние кои се сакани“.
„Жените не постигнале ништо. Некогаш беа нееднакви со вистинските мажи. А сега се еднакви со никакви мажи“.
„Не го кажувајте она што го мислите ако живеете од она што го зборувате“.
„Така и ни треба. Додека не признававме дека има проблеми, не моравме ниту да ги решаваме“.
„Има многу сиромаштија меѓу нашите деца, кои освен пари, родителите не можеле да им дадат ништо друго“.