Потполно природно издание – убавата водителка на Канал 5 ТВ се соблече во костим за капење и ги запали социјалните мрежи
Таа е една од нашите најубави водителки
Атрактивната водителка на Канал 5 телевизија, Јелена Спенџарска, секојдневно ги воодушевува своите бројни обожаватели преку малите екрани.
Една од нашите најубави водителки плени како со својот неодолив шарм, така и со своето совршено тело. Таа е мошне активна и на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм каде што ја често ја гледаме средена до глава до пети во прекрасни модни комбинации, но подеднакво ги привлекува погледите и кога е во потполно природно издание, без трошка шминка на себе.
Така беше и неодамна, кога сподели неколку интересни фотографии на кои позира во дводелни костими за капење, со кои ги истакна нејзините атрибути.
Јелена позираше покрај базен, во шик дводелен модел и во потполно природно издание, а под фотографијата сподели и интересен коментар за животот со кој дополнително ги воодушеви нејзините верни обожаватели.
„И го заслужуваш животот кој го посакуваш. Заслужуваш да бидеш СРЕЌЕН и се надевам нема да ти требаат години и години да го сфатиш тоа“, напиша шармантната водителка под нејзините фотографии.
Погледнете уште неколку летни изданија на Јелена …