Познатиот пејач направи незаборавна забава во Швајцарија
Фолк-пејачот Бобан Рајовиќ во саботата настапи во Швајцарија, на Боденското езеро и направи невиден спектакл.
Бобан настапи на брод кој беше преполн со гости. На бродот се појави околу 21.40 часот, а журката започна во 22 часот. Неколку стотина луѓе уживаа додека пловеа по езерото, а пејачот ги забавуваше со своите познати хитови. По фантастичниот настап следуваа бројни позитивни коментари за неговиот настап.
„Фала ти, царе! Малце фалеше вчера да потонеме, ти благодарам за добрата забава“, беа само дел од пораките што Бобан ги доби на Инстаграм.
Инаку она што е интересно е тоа што цената за влезница изнесуваше дури 70 франци, односно нешто под 4000 денари што е дупло повеќе од било кој друг клуб во Швајцарија во кој настапуваат пејачи од балканската естрада.