Обожавателите разочарани од нејзиното деколте, реакциите брутални: „Оди на пластичар или воопшто НЕ ги покажувај (фото)“
Пејачката Танарел во неделата се појави на манифестацијата „BET Awards“ но наместо да заблеска на црвениот килим, предизвика бура од негативни реакции.
Имено, нејзините обожаватели ги искритикуваа нејзините гради на социјалните мрежи. Тие и’ порачаа дека и висат и дека треба под итно да ги среди.
Танарел која е позната по песната Сирен, никогаш не криела дека го сака своето тело токму затоа што е природно.
Но фановите беа брутални и по нејзиното последно појавување во јавноста и сугерираа дека нема да биде лошо ако малку ги затегне градите, односно доколку ги подигне.
„Би можела малце да се стегнеш, нели?“ пишува во еден од коментарите. Следниот пак беше малку погруб. Имено, еден разочаран обожавател и порача дека не требала да избере фустан со такво деколте или требала да направи естетска корекција на овој дел од телото.
НО ова воопшто не „допре“ до познатата пејачка. Таа само им порача на хејтерите да се фокусираат на нешто друго во животот и едноставно да ги „остават“ нејзините природни гради да живеат.
Сепак, тоа е нејзина и само нејзина работа, и секој е убав на свој начин, а природното секогаш е најубаво, нели?