Фатени да дело?
Како што пренесува „Grazia Daily“, Бредли Купер (44) и Лејди Гага (33) повторно подигнаа прашина поради својот однос откако медиумите објавија приказни дека парот планира да ја посети Шкотска.
Во прашање е фестивалот Гластонбери на кој парот настапи и во популарниот филм, а тамошната водителка, Едит Буман, случајно откри дека во својата емисија ќе го угости „познатиот актер кој би требал да отпее една или две песни со Лејди Гага но тоа се уште е тајна“.
Веста за настапот на актерот и пејачката ги воодушеви нивните обожаватели кои на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека фестивалот е само изговор како Бредли и Гага наводно би можеле некое време да поминат заедно.
Само да потсетиме, по шпекулациите дека помеѓу Гага и Купер нешто се случува, руската манекенка Ирина Шајк (33) одлучи да го напушти својот сопруг. Ова само ги поттикна гласините дека познатиот актер и пејачката се во љубовна романса, иако и двајцата ги имаат демантирано гласините дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.
Гага беше посебно погодена што тие се разделиле, бидејќи обожавателите не се откажуваат од теоријата дека помеѓу неа и Купер постои романтична врска.