Клои Кардашијан претера со пластичните операции – погледнете како изгледаше пред 3 години, ќе се изненадите!
Сестрите Кардашијан се познати по тоа дека често го коригираат својот изглед, а Клои реши да направи и еден чекор понатаму.
Имено, Клои Кардашијан во последните 3 години се промени многу. Покрај тоа што направи импланти во задникот, ги коригираше усните, ја доведе линијата до совршенство, ја промени бојата на косата а сега, според коментарите што можеме да ги прочитаме на социјалните мрежи, сестрата на Ким Кардашијан најверојатно го средила и носот.
Нејзините обожаватели ја прашуваат преку социјалните мрежи што се случило со нејзиниот нос, збунети од нејзиниот изглед.
„Дали е ова Ким? Збунета сум“, пишува во еден од коментарите на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Поради оваа нејзина фотографија на социјалните мрежи, нејзините обожаватели и порачаа дека треба да престане со естетските операции.
А еве како Кардашијанката изгледаше пред 3 години: