Еве неколку моќни совети за поуспешен живот:
Верувајте во успех. Надевајте се, очекувајте го најдоброто и бидете подготвени и да го остварите!
Мислете позитивно за своето здравје и ќе видите дека во самите вас лежи моќ за исцелување. Волјата е мелем, а верата лек за сите болести.
Мислете и правете добри работи, имајте надеж дека убави работи ќе се случат, сакате и ќе бидете сакани, почитувајте и ќе бидете почитувани, помагајте и ќе ви биде помогнат, ширете мир и ќе имате мир… Она што го посееме, тоа и ќе го нажнееме – тоа е нашиот живот!
Молете се на Бога. Со молитвата можете да постигнете внатрешен мир. Со мирот доаѓа и душевната хармонија, мудрост и телесно здравје. Молете се за оние коишто ги сакате, но и за противниците. Молете се искрено, со верба и срце.
Прифаќајте ги добрите совети, учете и од противниците. Бидете благодарни за критиките. Праведниот критичар ни прави непроценливо добро.