Антониа Гиговска во издание со кое им пркоси на високите температури – пејачката ни покажа каков фустан да избереме ова лето
Младата пејачка Антониа Гиговска во летно, вечерно издание со кое ги воодушеви жените на Инстаграм
Еве како ова лето да изгледате модерно и беспрекорно
Антониа Гиговска која за кратко време стана популарна во регионот, неуморно работи на својата кариера.
Таа го воодушеви сите со својот последен настап на „Пинк ѕвездички All stars“, а од фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека покрај преубавите комбинации што ги носи сериозно работи и на својата линија и ги одржува своето тело.

Гиговска на Инстаграм објави фотографија на која позира во краток, свилест фустан со крој кој потсетува на кошула. Моделот е во светло сина боја и со деколте кое завршува со детаљ кој потсетува на вратоврска, а пејачката го носеше со црна плико чанта и сандали со гломазни високи потпетици со кои го „подигна“ целото издание.
