Реклама
Наши ѕвезди

Каролина ретко ја гледаме во вакво издание, но овој пат изгледа топ – сандалите што ги носи се совршени за летниот период!

Реклама

Каролина во уште едно издание со кое ги воодушеви сите

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Па еве како ова лето да изгледате совршено …

Каролина позираше во феноменално летно издание со кое ги воодушеви жените на социјалните мрежи.

Маркетинг

Во прашање е модна комбинација во бела боја која е апсолутен хит секоја летна сезона, а убавата пејачка ја зачини со сламен шешир, шик летни сандали кои се врзуваат околу листовите и преубави црно-бели обетки со кои не освои на прв поглед.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Покрај сандалите Каролина белата монотонија ја разби и со интересната чанта, а бидејќи неподносливите високи температури можат да бидат немилосрдни кон шминката, пејачката одлучи да стави само кармин во нежна розова нијанса и да ги истакне очите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Мораме да признаеме дека Каролина изгледа одлично во ова издание, посебно покрај фантастичниот модел на сандали.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button