За нивната свадба зборува целиот свет – невестата се појави во фустан по кој полудеа жените
Во Шпанија, во познатата катедрала во Севиља судбоносното „ДА“ го кажаа водителката и моделот Рубио Пилар и фудбалерот Серхио Рамос.
На гламурозната церемонија присуствуваа стотина познати гости како и нивните три деца кои што ги добија додека живееја во невенчана заедница. Младата носеше венчаница со која ги воодушеви жените од целиот свет.
.
Фотографирањето беше строго забрането, а гостите на влезот морале да ги остават своите мобилни телефони, пишуваат шпанските медиуми.
На почетокот од вечерта пеела Нина Пасотри, а подоцна настапиле членовите од бендот „AC-DC“ кој му е еден од омилените бендови на познатиот фудбалер, а за кој младенците издвоиле нешто повеќе од милион евра.
Во продолжение погледнете како изгледаше невестата, но и некои од познатите гости.