Ова е жената која и ги пресече вените на својата ќерка (3) и ја фрли од терасата, а потоа и самата си ги пресече и скокна од 12 метри височина
Данијела Р. и ги исече вените на својата тригодишна ќерка Тамара и ја фрли од четврти кат, а потоа и самата си ги исече и се фрли од 12 метри височина на бетонот.
Полицијата направи увид на лице место и сега ги испрашува очевидците на овој страшен настан што се случи во Белград.
Според неофицијалните податоци, на сопругот на Данијела (36) му се слошило кога се вратил од трета смена и го видел ужасот пред зградата. Наводно бил однесен во болница.
Еден од комшиите се обидувал да ја разубеди жената да скокне од терасата, но не успеал во тоа, а пота го видел и девојчето како беспомошно лежи на земјата.
Вознемирените комшии не можат да поверуваат во она што се случило, кажуваат дека изгледале како фино семејство.
И мајката и детето починаа на лице место.