Секој што поминал низ ова знае дека не е лесно
Познатата поп пејачка Наташа Беквалац успеа да се реши од голем порок – никотинот, и неодамна прв пат јавно и отворено зборуваше на ова тема.
„Со години се чувствував поприлично немоќно. Но бидејќи сум контрол фрик, не сакам некој да ме контролира мене. Тоа беше магичен круг. Многу пати имав пауза, но секогаш се враќав. Почнав дури откако наполнив 30 години да консумирам цигари по голем стрес што го имав, а кој веројатно и го користам како изговор“, раскажа Наташа во една емисија.
Таа вели дека откако се решила од својот порок почнала и поздраво да се храни и за само една година откако се породи се врати на килограмите што ги имала на 18 години, што е за секоја пофалба, особено ако се знае дека по оставање на цигарите луѓето најчесто имаат проблем со килограмите. Но Наташа очигледно добро се носи со тоа.