Жената Овен лесно живее и без мажи, но дефинитивно не може да живее долг период без љубов.
Таа умее сите работи да ги заврши навремено, но сепак потајно сонува за херојот од своите соништа. Само луѓето кои живеат во нејзина близина знаат колку нежности носи во себе и колку добра и попустлива може да биде.
Таа е бестрашна и природен лидер, родена да биде на самиот врв. Секогаш знае како да се справи со новите предизвици и уште едвај чека да започне новиот ден да види што ќе донесе.
Жената Овен знае да биде многу весела и голем авантурист кој секогаш гледа напред, а ретко во минатото. Таа е непоколеблив оптимист, па често се бори и за правата на другите, како и за подобра иднина. Како и сите и таа има мани, а нејзини најчести се себичноста, преголемата тврдоглавост и љубомора.