Личноста Близнаци е во потрага по некого кој не ја загрозува нејзината слобода, значи некој кој е толерантен, кој не е љубоморен, ниту посесивен, некој кој во се е напреден.
Тие се многу романтични. Еден дел од нив сака сигурност и реалност, но друг дел копнее по романтична бајка полна со фантазија.Близнаците се многу духовити. Тоа ги прави смешни, забавни и омилени во друштвото.
Близнаците сакаат да добиваат книги или „музика“ како подарок. Тие сакаат да се полнат со информации и забава, па затоа и овие подароци совршено им одговараат.Близнаците обожаваат друштво. Без разлика дали ве гледаат како некој што го сакаат или како публика, тие преферираат да се опкружени со луѓе.
Близнаците никогаш не ги признаваат своите грешки.Тие се многу прилагодливи. Од најразлични социјални ситуации, до промени во кариерата, тие можат со сè да се справат.Имаат тенденција да имаат слаба концентрација. Па, ако сакате да ги задржите – мора да бидете забавни!
Воздухот е елементот на Близнаците. Токму затоа и многу нешта „излегуваат“ од нивните усти.Близнаците копнеат за промени во сите области од нивниот живот.Понекогаш знаат целосно да се изгубат во своите мисли.