Знаевме дека ќерката на Светлана Црнокрак личи на мама, но како минува времето, сличноста помеѓу нив е неверојатна
Каква мајка таква ќерка
Додека ги гледате фотографиите на Моника Црнокрак, лесно можете да помислите дека во прашање е нејзината мајка, поранешната манекенка Светлана Црнокрак.
Сличноста меѓу нив беше забележана веднаш откако наследничката го привлече вниманието на медиумите со нејзиниот настап како претставничка за Македонија на изборот за убавина „Miss Summer International“ кој се одржа минатата година во Кипар. Таа тогаш ја освои титулата за Мис фотогеничност и тоа беше нејзиниот прв интернационален настап, со што тргна по стапките на својата мајка која исто така има освоено неколку титули во својата кариера.
И како минува времето сличноста меѓу нив двете е се поголема, а тоа можете да го забележите и од нивните фотографии.
Исти очи, иста насмевка, иста мама!
Инаку, Светлана и Мики Црнокрак кои оваа година ќе прослават 22 години брак покрај Моника, ја имаат и седумгодишната ќерка Нина.