Реклама
LIFESTYLEВирално

По 75 години повторно се сретаа: Ветеран од Втората светска војна ја пронајде љубовта на својот живот

Реклама

Љубовници од војната се сретнале после 75. години.

Кара Трој Робинс, кој бил дел од американската армија која во 1944 година била во североисточна Франција, се запознал и вљубил во една девојка Џенин Пиерсон, која тогаш имала 18 години.

Маркетинг

Но, набргу нивната романса прекинала бидејќи Робинс кој имал 24 години  морал да замине на источниот фронт. По извесно време тој во САД се оженил со друга девојка.
“Кога замина плачев, бев многу тажна. Посакував по војната да не се врати во Америка”, рекла Пиерсон.

По војната, таа почнала да учи некои основни англиски фрази со надеж дека Робинс еден ден ќе се врати во Франција. Но, и покрај тоа што се оженил, Робинс ја чувал сликата од својата војничката љубов.Робинс  по долги години кога се вратил во Франција за комеморацијата на „Д – денот“, тој ја држел сликата, не бил сигурен дали е уште жива.

Маркетинг

Тој се сретнал со некои француски новинари кои му помогнале да ја пронајде својата воена љубов и да организираат емоционално обединување. “Јас секогаш те сакав. Ти никогаш не ми излезе од моето срце”, и рекол Робинс на Пиерсон кога повторно ги погледнал нејзините очи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button