Ирена Спасовска објави „селфи“ од спалната соба – во занесно и провокативно издание, позира сама во креветот
И Ирена Спасовска како и многу други колешки од естрадата реши да објави провокативна фотографија и да си поигра со фантазијата на посилниот пол.
Имено, таа овој пат објави фотографија на која лежи во креветот со спалната соба и им посака добра ноќ на обожавателите, облечена само во долна облека, а во преден план покрај деколтето е и нејзината нова тетоважа на која што со големи букви пишува „Музиката е мојот живот“.
Инаку, Ирена неодамна се најде во центарот на вниманието кога медиумите објавија дека се разделила со својот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски, со кого беа 13 години во врска.
Причината за нивната разделба наводно била тоа што Ирена пронашла нова љубов во животот, но пејачката набргу ги демантираше овие гласини.
Орце Гелевски пак, нејзиниот поранешен партнер и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“ во интервју за порталот „Фокус“ потврди дека се разделиле, но не сакаше отворено да коментира за причината.
Како и да е, Ирена во последно време максимално е посветена на својата кариера и на музиката, а тоа впрочем го кажува и натписот на нејзината нова тетоважа. Таа е посветена и упорна во она што го работи, и веќе со години важи за една од најпознатите фолк пејачки во Македонија.