Готово е, пукна тиквата – по гласините дека ја изневерувал со Лејди Гага, Ирина Шајк со ќерката се исели од куќата на Бредли Купер
Веќе со месеци се шпекулираше за голема криза во бракот на Ирина Шајк и Бредли Купер, а сега излезе дека овие шпекулации се точни.
Американските медиуми пренесуваат дека познатата манекенка со ќерката Леа се иселила од луксузната куќа во која живееше со својот партнер. Имено, претходната недела од добро известени извори медиумите објавија дека бракот на познатиот актер и манекенката „пука“, а Ирина решила дека најдобро ќе биде да го напушти заедничкиот дом.
„Тие се обидуваат заради нивната ќерка. Но ништо не е добро. Никој од нив не е среќен, овој однос е на конец“, изјави извор близок до холивудскиот пар.
И во сред приказните дека се разделуваат, познатата манекенка објави делови од кампањата за „Hugo Comte“, а некои нејзиното игнорирање на натписите за прекинување на врската со Бредли Купер ја сфатија како двосмислена порака. Таа на Инстаграм доби и огромна поддршка од фановите.
Да потсетиме, атрактивната 32 годишна манекенка и холивудскиот заводник романсата ја започнаа во 2015, а две години подоцна ја добија и ќерката. Својот приватен живот го чуваа од очите на јавноста, и мноогу ретко се појавува заедно на официјални настани.
Инаку, пред да биде со Купер, Ирина неколку години беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, а Купер беше во брак со колешката Џенифер Еспозито.