Кога некој ќе ве потсети колку ВРЕДИТЕ, не враќајте им се на оние кои веќе ве повредиле
Кога некој ќе ве потсети колку вредите, не враќајте им се на оние кои не знаеле да ја ценат вашата присутност и да го чуваат непроценливиот бисер во вас.
Свртете нова страница во вашиот живот и започнете да пишувате со доверба во себе. Обидете се да ги држете подалеку од себе негативните луѓе и не трудете се да им ја докажувате својата вредност. Оние кои ве сакаат, ќе ве сакаат онакви какви што сте. Кога некој ќе ве потсети колку вредите, спомнете си дека минатото не ја одредува иднината и дека во животот не ви требаат луѓе кои немаат свој карактер. Не копајте по старите рани, туку својата енергија насочете ја пред себе и на талентите со кои располагате. Излезете од односите кои имаат рок на траење, не затоа што сте нешто виновни, туку затоа што другите не знаеле дека го ценат она што го имаат пред себе.
Кога некој ќе ве потсети колку врердите, ќе сфатите дека љубовта кон себе и кон оние кои ве сакаат е најчудесниот лек кој може да ги излечи сите стари рани, па и да ви помогне со надеж да го започнете новиот ден, а не со старите стравови и сомнежи. Кога животот ќе почнете да го набљудувате од овој аспект, ќе научите да го препознаете својот глас и да се насочите кон вистинскиот пат. Ако нешто го добиваме лесно – тоа не го цениме доволно. Сето она што е добиено преку патење и болка, ви покажува колку е вредно тоа што го имате и она што сте.
Исправете се, бидете храбри и прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди животот! Сфатете ја својата вредност и не дозволувајте другите да ве натереат да се посомневате во неа.