Голем стомак, целулит на сите страни – Карлеуша ги изненади сите со ова необично издание
Јелена Карлеуша настапи прв пат откако ја загуби својата мајка Дивна, а во клубот се појави во необично издание.
На настапот стигна еден час по полноќ заедно со својот тим и обезбедувањето. Беше видно расположена, се смееше цело време, а се појави во розово издание.
Сепак, најголемо внимание привлече со розовата кација и уши како Мини Маус.
Штом се качи на бината направи луда атмосфера, а во публиката имаше бројни познати личноsти меѓу кои и манекенката Софија Милошевиќ која медиумите ја поврзуваа со нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ.
Очигледно дека за Јелена Карлеуша не е проблем да се дружи и соработува со својата „конкуренција“.
Нo како што пренесуваат некои српски медиуми, покрај необичниот стајлинг, Kарлеуша ги изненадила своите обожаватели и со својот физички изглед, односно со неколку килограми вишок и целулит.
Сите ги памтат нејзините непријатни коментари и критики на сметка на колешките и нивниот физички изглед, како и оние кои им ги кажуваше на кандидатките во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Затоа сега сите се изненадени што и таа самата го направи истото, односно си дозволи да изгледа „опуштено“ на својот последен настап.