„Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“.
Познатиот македонски актер пред камерите на естрадниот магазин Ексклузив зборуваше отворени и за неговиот поранешен брак.
Имено, Висар Вишка кој од неодамна стана и советник на Министерот за култура, покрај разговорот за својата нова функција, зборуваше и за бракот со поранешната сопруга, водителката на Телма, Елена Митева.
Висар и Елена од нивниот брак го имаат синот Дион, а како што вели актерот, токму тој е и причината што тие двајцата се уште имаат одлични односи.
Инаку Висар и Елена стапија во брак во 2012 година, а пред две години без многу врева во медиумите, решија да се разведат и секој да тргне на своја страна. За нивниот развод се дозна дури многу подоцна, а актерот и тогаш изјави:
„Јас и мојата поранешна сопруга бевме и ќе останеме одлични пријатели затоа што, сепак, имаме еден ангел. Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“.