Пејачката од „Ѕвездите од Гранд“ се надмина себеси – по нејзиниот несекојдневен настап никој НЕ остана рамнодушен
Ивана Богиќевиќ е една од највпечатливите учеснички во моментално актуелната сезона на Гранд ѕвезди.
Таа и во петтиот круг ги изненади сите со својот моден избор. Во прашање е 20 годишна девојка која го плени жирито со својата самодоверба и токму поради неа многумина и кажуваат дека изгледа подобро од повеќето други натпреварувачки иако кубури со вишок килограми.
Таа знае и да се пошегува на своја сметка, а тоа го направи и кога се појави во фустан од колачиња со кој ги воодушеви сите.
Но и на последната емисија симпатичната Ивана ги изненади сите. Имено таа најпрво се појави во елегантен фустан кој го носеше со адекватен накит, а потоа, кога почна со втората песна, на сцената настапи со фустан начичкан со играчки. И тоа не беше се’. Таа во еден момент го соблече фустанот и остана во ново модно издание.
Погледнете како изгледаше нејзиниот настап: