Цела Турција беше во шок – убавата турска актерка изгледа потполно непрепознатливо, но ќе се изненадите од причината
Познатата турска актерка Туба Бујукустон ја скрати својата коса и ја донираше во Фондација која обезбедува средства за лечење на деца болни од рак.
Убавата турска актерка Туба Бујукустун се прослави со улогата на храбрата и праведната Елиф Денизер во серијата „Валкани пари и љубов. Актерката ја глуми главната улога и во популарната турска серија „Љубов од одмазда“, но во неа таа е со потполно различен имиџ.
Туба во Турција беше препознатлива по нејзината долга коса која што беше нејзиниот заштитен знак. Благодарение на неа снимаше и бројни реклами и беше заштитно лице на многу познати европски брендови.
Но таа преку ноќ реши да направи промена
Туба по снимањето на серијата „Валкани пари и љубов“ ги шокираше сите кога на нејзиниот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со многу кратка машка фризура.
Нејзините фанови беа потполно шокирани кога прв пат ја видоа со ваква фризура – едни и порачаа дека им личи на момче, други дека е прекрасна без разлика на нејзината коса, додека трети беа уверени дека нивната омилена актерка го направила ова заради некоја нејзина нова улога.
Но причината која ја натерало да го направи овој чекор и да ја скрати својата убава и препознатлива коса ги воодушеви сите
„Не, не се подготвувам за нова улога. Ја скратив косата по сопствена желба и ја донирав во Фондација која обезбедува средства за лечење на деца болни од рак“, објасни тогаш Туба, која е и амбасадорка на Уницеф.
Во една од најдобрите турски мелодрами „Љубов од освета“ Туба се појави со новиот имиџ во улога на Сухан Корлудаг. И очигледно дека на гледачите не им пречеше оваа промена бидејќи серијата достигна голема популарност, а Туба стана една од омилените актерки.
Како Туба изгледа со кратка коса и во улога на Сухан со својот партнер погледнете во продолжение.