Одлично издание на Анастасија
Ќерката на Цеца која по објавувањето на нејзините нови хитови важи за една од најслушаните млади пејачки во регионот, на 30 мај 2019 година го прослави својот 21 роденден. На роденденската прослава покрај бројни познати личности можеби најмногу внимание привлекуваа Цеца и нејзината снаа Богдана кои се појавија во елегантни тоалети.
Но Анастасија по забавата на Инстаграм објави фотографија на која позира во потполно различен фустан од оној што го носеше на забавата.
Во прашање е раскошен долг фустан во светла, розова нијанса со кој ги воодушеви дамите на Инстаграм. Горниот дел од фустанот е корсет и е од тил, додека долниот кој исто така е од тил, паѓа до подот. Фустанот има асиметричен крој што му дава драматичен изглед, а таква е и шминката.
Имено, младата пејачка избра розова сенка за очи и кармин во слична нијанса како и фустанот, а очилата за сонце се со интересна рамка во „вамп“ стил со кои ќерката на Цеца изгледа како вистинска рок принцеза.