Најдобриот тенисер на светот призна што јаде
Познато е дека Новак Ѓоковиќ води здрав живот. Тој се храни само со здрава храна, па дурии во својот ресторан во Монте Карло на гостите им нуди само здрава храна. На прашање од српскиот весник Курир, кое му е омилено јадење, познатиот тенисер како од пушка одговори:
„Овошје, било мое овошје е моето омилено јадење“, им одговори тој на новинарите.
На прашањето дали некогаш сам прави некое јадење во кујна, тој на новинарите со насмевка им одговори дека не готви, бидејќи, нели, овошјето не треба да се готви.
„Кога сум сам дома, спремам свежи салати, пудинзи од чија, овесни каши и нешто што е слично на тоа. Тоа го сакам, нешто полесна исхрана.. тоа го правам со задоволство на децата и на сите во домаќинството, додека готвењето му го оставам на некој друг“, одговори искрено Ноле.