Летаат пердуви на кралскиот двор – принцовите Хари и Вилијам се испокараа поради невестите, кралицата во шок!
Кејт Мидлтон и Меган Маркл направија хаос на кралскиот двор
Новата одлука на принцот Хари и Меган Маркл го вознемири целиот кралски двор, а медиумите шпекулираат дека сериозно се нарушени односите меѓи Хари и неговиот брат Вилијам. Имено, војводата и војвотката од Сасекс, односно Меган и принцот Хари, решија да ја напуштат кралската хуманитарна организација чии членови беа заедно со војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Откако пред само 15 месеци ја промовираа во јавноста, Меган и Хари наводно се повлекуваат од „фантастичната четворка“ како што ги нарекуваат британските медиуми.
Познатиот британски таблоид „Sun“ пишува дека кралскиот пар планира да продолжи со хуманитарната работа, но секој посебно. Се појавија и бројни коментари дека меѓу нив сериозно се нарушени односите, но дека тие не сакаат тоа да го откријат.
Приказните ги подгреаја и информациите дека Меган и Хари ја напуштија Кенсингтонската палата и се преселиле на имот кој е 40-на километри оддалечен од палатата. Медиумите на островот пренесуваат дека Меган и Хари одлучиле да ја напуштат палатата, бидејќи не сакаат да живеат блиски до Кејт Мидлтон и принцот Вилијам,
Палатата е магично место, но воедно и место каде што е се забрането. Тоа премногу и пречи на премногу амбициозната Меган која се фрустрира кога некој ќе и каже дека нешто не смее, додека Кејт, од друга страна е потполна спротивност – таа е силна жена, но нема никаков проблем со тоа.
Дека на Британскиот двор постојат тензии, особено меѓу идната кралица Кејт Мидлтон и Меган Маркл одамна се шушка. Добро упатените во животот на кралскиот двор тврдат дек причината за нивните несогласувања е поприлично едноставна.
Според нив проблемот е во судирот на две различни култури, како и во навиката на војвотката од Сасекс да каже секогаш сé што и лежи на срце, без да размислува за последиците што може да ги предизвика.
Од друга страна дека Меган и Хари прават сé по свое докажаа и веднаш откако војвотката се породи кога повторно ја прекршија кралската традиција. Имено, принцот Хари го држеше синот додека неговата сопруга стоеше покрај него. Тоа до сега не беше пракса – принцезата Дијана и Кејт Мидлтон по пораѓањето со децата во рацете позира за медиумите и фотографите.
Ова сигурно нема да и се допадне на кралицата, но според медиумите ни таа не може да влијае на ситуацијата.