Анастасија на роденденот се појави во фустан со детаљ кој никој НЕ остави рамнодушен – мама Цеца ја изненади со уникатен подарок
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ го прослави роденденот во еден ресторан во Белград
Анастасија Ражнатовиќ откако се врати од Миконос каде што беше заедно со својата посилна половина и каде што го прослави 21 роденден, вчера направи и журка за паметење за пријателите во еден познат скопски ресторан.
Младата пејачка за овој настан избра бордо тоалета со високи прорези до колковите и направи посебна фризура, додека нејзината мајка Цеца на роденденот дојде со убавата свршеницата на Вељко, Богдана Родиќ.
Откако успешно почна да ја гради својата кариера, Анастасија стана и финансиски независна, па реши сама да ги плати трошоците за гламурозната прослава, а нејзината мајка и приреди едно изненадување.
Имено, таа од својот пријател златарот Небојша Бојовиќ нарача уникатна огрлица која на својата ќерка и ја подари за роденденот. Во прашање е синџир од бело злато со дијаманти, чија вредност е околу 10.000 евра.