Реклама
MAMAКафе муабет

Ако немаш свој мир- немаш ништо!

Реклама

Авторот на книгата „Моќта на сегашниот момент“ , Eckhart Tolle открива кои работи не’ прават уморни и како можеме истите да ги тргнеме од нашите животи.

Го заменувате мирот за несвесност.

Да се биде во полусон или нечувствителен со конзумирање на дрога или неколку чаши вино, овозможува да не ја чувствувате својата анксиозност, страв, бес, незадоволство или грижа. Но, ваквото олеснување трае само кратко време. Тоа превирање е уште тука- бидејќи мирот не е несвесност. Мирот не е кога сте во сон или кога сте несвесни. Тоа е спротивно.Тоа е состојба на зголемена животност, кога стануваме свесни, а не обратно и тоа бара свест за различни мисли кои постојано минуваат низ нашиот ум.

Маркетинг

Го заменувате мирот за среќа.

Се чувствувате среќно кога ќе добиете работа или кога ќе најдете пари на улица. Се чувствувате среќно кога одите на одмор. Но, многу често тој одмор не испаѓа онака како посакувате или ќе дојде до сам крај или додека сте на одмор размислувате за проблемите кои ве чекаат, кога ќе се вратите во својата куќа.По некое време се повлекува и тогаш често се чувствувате нерасположено. Бидејќи среќата не е мир.

Маркетинг

Постојано гледате напред или назад.

Постои работа која не сте ја добиле или која сте ја изгубиле. Тука е детето кое не сте го имале или дете кое некогаш сте биле. Но, на крајот, тоа се погрешни перцепции, вашиот ум ве спречува да бидете во мир, посебно мислите кои постојано ви навираат.

Гласот во вашата глава потполно ве трга од она што се случува сега. Вие се наоѓате во некој иден момент каде работите можат да тргнат однопаку или сте заглавени во минатото, постојано го пуштајќи го истиот филм за времето кога паднавте на испитот или сте биле нељубезни кон некој.

Се уште немате потполна доверба.

Постои интелигенција во движењето на животот, која ја надминува ограничената интелигенција, со која умот размислува. Тоа е душа.

Кога ќе почнете да верувате во вашиот дух и самиот живот, почнувате да чувствувате мир. Повеќе не сте одвоени од таа поголема интелигенција од која се одвива цел живот, повеќе не се обидувате да стигнете никаде или да барате она што недостасува.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button