Угина последниот малезиски мажјак од видот суматрански носорози, соопштија надлежните, што е голем удар за напорите да се зачува критично загрозениот вид во оваа земја.
“Носорогот наречен Там имаше околу 30 години и живееше во резерватот за диви животни на островот Борнео, откако беше фатен во 2008 година”, изјавила Кристина Лиев, државна министерка за туризам, култура и животна средина, пренесува британскиот “Telegraph”.
Суматранскиот носорог, најмалиот вид на носорог, е прогласен за изумрен во дивината во Малезија во 2015 година. Уште една женка носорог, Пунтунг, угинала во заробеништво во 2017 година.
Експертите за диви животни проценуваат дека на светот се останати помеѓу 30 и 80 суматрански носорози, воглавно на индонезискиот остров Сумaтра и на индонезиската страна на Борнео.