Реклама
LIFESTYLEВирално

Дознајте зошто кучињата ја наведнуваат главата на едната страна кога им кажувате нешто

Реклама

Сигурно сте забележале дека вашето куче кога слуша звук или кога му зборувате, ја наведнува главата на едната страна. Што всушност значи тоа?

Прво, нашите кучиња сакаат да нè слушнат подобро. Тие имаат подвижни ушни школки, што им овозможува да го лоцираат изворот на звукот. Наведнувањето на главата означува побезбедено или подобро лоцирање на растојанието од изворот на звукот.

Маркетинг

Исто така, кучињата се обидуваат да нѐ разберат. Според некои експерти, нашите миленичиња се обидуваат да ги идентификуваат познатите зборови или тонови кои се поврзани со одредени работи – награди, прошетки, храна.

Маркетинг

Мускулите од средното уво го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изрази на лицето и движења на главата, а некои експерти сметаат дека кучињата нѐ слушаат и на тој начин комуницираат со нас. Покрај тоа, кучињата имаат тенденција да се обидат подобро да ги видат знаците на нашето лице и тело. Тие комуницираат со луѓето не само што користат зборови и интонација, туку и изрази на лицето, јазикот на телото и движењата на очите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button