Реклама
Холивуд

Принцот Вилијам ја третирал Кејт како слугинка – јавноста згрозена од шокантните детали од нивниот брачен живот

Реклама

Британците не се воодушевени од она што можеа да го прочитаат во новата книга за животот на војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Во книгата што ги опишува деталите од брачниот живот на кралскиот пар, принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, авторот открива шокантни детали за нивниот однос, но и детали од тоа какви биле еден кон друг пред да се заколнат на вечна љубов.

Маркетинг

„Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш имаа проблеми и расправии. Вилијам Кејт ја третираше како слугинка, а не како девојка“, изјавила една девојка која е блиска пријателка со парот.

Маркетинг

Во книгата пишува дека и многу нивни блиски пријатели биле среќни кога кралскиот пар се разделил во 2007 година, како и тоа дека принцот Вилијам не се однесувал убаво кон Кејт и дека во друштво ја запоставувал.

Ја изневерувал со нејзина пријателка

Покрај ова, светските медиуми веќе неколку месеци „брујат“ и за неверството на принцот Вилијам, а неодамна беше пронајдено и со кого наводно бил во љубовна врска. И што е најлошо, сето тоа се случувало додека неговата сопруга, Кејт Мидлтон, била во својата трета бременост.

Во прашање е Хенбери Роуз, поранешна долгогодишна пријателка на војвотката од Кембриџ, која живее на само неколку километри од нивната резиденција во Кембриџ, пишува „Холивуд Госип“.

Сепак, овие шпекулации за „Холивуд Госип” ги потврдија и членови од кралскиот круг кои наведуваат дека за Вилијам и Роуз се знаело многу одамна, но тоа е јавна тајна, како и тоа дека Вилијам и Кејт се обидуваат во јавност да се однесуваат како сé да е нормално, што очигледно и успеваат да го направат. Меѓутоа, кога Кејт открила за измамата, и оневозможила на Роуз Хенбри да присуствува на некои настани. Таа е во брак со својот 58 годишен сопруг Дејвид, седмиот Маркиз од Колмонделеј.

„Холивуд Госип” наведува и дека британските медиуми одбиваат да пишуваат за романсата на Вилијам поранешната манекенка што ја тресе кралскиот двор, а причината е поради почитта што ја имаат кон кралското семејство. Исто така се наведува дека токму оваа афера е причината за лошиот однос меѓу принцот Вилијам и неговиот помлад брат Хари, како и дека поради ова неверство, принцот Вилијам секојдневно си дозволува да испие чашка повеќе.

Инаку, Роуз Хенбери работеше за истата агенција за која што работеше и Кејт Мос. Беше истражувач на британскиот министер Мајк Гов во 2009 година и веќе уште тогаш беше во врска со 23 години постариот Дејвид.

Исто така Лејди Елизабет Лонгман, бабата на Роуз, беше една од девериците на кралицата Елизабета на венчавката на принцот Филип во 1947 година

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button