Во продолжение ви набројуваме неколку практични детали, по кои жените се разликуваат од мажите, и поради кои животот им е полесен и поедноставен. Тие едноставно не мора да се грижат за некои работи…
Жените помалку се потат од мажите.
Тие живеат подолго.
Повеќето жени имаат подобар моден вкус од мажите.
Можат да носат фустани, што во текот на летото е голема предност.
Може да ги дупнат ушите и да ја фарбаат косата без да добиваат чудни погледи од околината.
Во просек, жените полесно „доаѓаат“ до секс.
Жените се спасуваат меѓу првите во бродовите кои тонат.
Тие имаат бесплатна психотерапија во облик на пријателки.
Како стареат, на жените им се зголемува желбата за секс.
Жените може да ги заплашат машките шефови со набројување многу гинеколошки проблеми кои не ги разбираат.
Може да прашаат за насока, без притоа да се чувствуваат неспособно поради тоа.
Ниските жени се слатки, за разлика од ниските мажи.
Имаат подобри комуникативни вештини.
Од жените не се очекува да знаат се’ да поправат сами.
Ако имаат големи уши, на жените им е лесно да ги прикријат.
Жените не мора да се јавуваат први, зашто тоа не се очекува од нив.
Способни се истовремено да пеглаат, да зборуваат на телефон и да гледаат телевизија.
Жените порано созреваат од мажите.
Новиот кармин може да им го разубави денот на жените!