Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка покажа како изглeда без грам шминка

Advertisement

Дани Димитровска ги изненади сите со фотографија на која нема ни грам шминка на лицето

Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска

Имено, таа позира без шминка и несредена фризура, а нејзините обожаватели се воодушевени од нејзиниот 100 % природен изглед. Дани без комплекси го покажува своето утринско издание без грам шминка, за разлика од повеќето свои колепки кои го кријат своето лице со темни очила за сонце во случај да се појават во јавност недотерани.

Advertisement

Инаку Дани е позната ако дама која нема проблем да се појави во јавност без шминка, а што се однесува до нејзината коса, која и е заштитен знак, во интервју за нашиот магазин признава дека бара многу време и внимание, но и дека нема време секогаш да си го пружи тоа задоволство, па затоа косата знае да ја казни со претерана сувост. Таа ја почитува локнестата структура која како што вели, е дадена од самото раѓање и треба да се сочува.

Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска

Понекогаш ми иде да си ги скратам маките и да ја исечам, но не се осмелувам бидејќи не се познавам себеси со кратка коса, вели Дани во нејзиното интервју.

Во продолжение погледнете како нашата позната пејачка изгледа и кога со неа ќе се позанимаваат професионални шминкери и фризери.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button