Никогаш НЕ носела вакви бикини – Спенџарска објави нови же*ки фотографии, НЕ можеме да престанеме да гледаме во нив
Јелена Спенџарска направи серија нови фотографии со кои ги воодушеви обожавателите.
На сите добро позната водителка се соблече и ги покажа своите атрибути, а досега ја немаме видено во еден ваков модел на костим за капење.
Во прашање е дводелен модел со асиметричен горен дел на едно раме и долен – со висок струк. Токму ваквите „ретро“ модели се хит веќе неколку сезони, како и оние со прерамка на едно раме кои се „маст-хев“ за ова лето.
Модел на кој треба да му посветиме внимание ова лето
Бикините со висок струк и ова лето им се омилени на познатите дами. Тие визуелно ги издолжуваат нозете и целото тело, но и го ставаат акцентот на половината, особено кај дамите со облини на кои визуелно им го стеснува овој дел од телото, додека на пониските девојки создаваат привид на тело во облик на песочен часовник. Тие изгледаат ретро, но воедно и доволно шик, така што секоја дама во нив ќе се чувствува како вистинска ИТ девојка
Костимот за капење што го носи Јелена му ласка на женското тело и водителката изгледа занесно во него, па според бројот на лајкови што ги доби за помалку од 10 часа и позотивни коментари очигледно е дека мажите не можат да престанат да гледаат во нејзините фотографии.
Шармантната водителка е позната по тоа дека не се срами да го покаже своите атрибути на социјалните мрежи, а со овие фотографии по кој знае кој пат го покажа тоа.
Но кога има со што да се пофали, нема зошто да се крие, нели?