Дарко со сопругата Маја и ќерките
Дарко Димитров кој важи за еден од најдобрите композитори од Македонија на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е заедно со своето семејство. Имено, тој позира со сопругата Маја која многу ретко можеме да ја видиме во јавноста, а покрај нив се и нивните две ќерки.
Македонскиот композитор кој оваа година беше еден од главните „виновници“ што Тамара Тодевска го освои седмото место на Евровозија се пофали со своите прекрасни дами на својот профил на социјалните мрежи.
Инаку Дарко деновиве е во центарот на вниманието и поради неверојатниот успех на нашата претставничка на Евровизија. Имено, Дарко е еден од авторите на песната „Proud“ со која Тамара се престави и ги освои седмото место на овој престижен европски музички фестивал.
Дарко е автор и на песната „Круна“ со која оваа година настапи српската претставничка на Евровизија, Невена Божовиќ, а соработува и со многу други познати ѕвезди од регионот како Емина Јаховиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ и многу други. Од македонските пак, досега покрај Тамара Тодевска има соработувано со Елена Ристеска, Каролина Гочева, Роберт Билбилов и многу други.